петок, јуни 5, 2026
Дома БАЛКАН Француски весник пренесува: Локалните избори во Србија напнати, обележани со политичка поларизација

Француски весник пренесува: Локалните избори во Србија напнати, обележани со политичка поларизација

556

Локалните избори на десет места во Србија денес беа обележани со судири и силна политичка поларизација, додека студентското движење го оспорува владеењето на претседателот Александар Вучиќ, објави денес францускиот весник „Суд Оест“ на својата веб-страница.

Странските медиуми и набљудувачи објавија неколку инциденти денес на маргините на делумните општински избори што се одржуваат во Србија. Политичкиот живот во земјата е доминиран од студентското движење повеќе од една година, учесник во овие избори, кои се тест за моќта на претседателот Александар Вучиќ, објави весникот.

Студентското движење настана по несреќата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, кога 16 лица настрадаа при уривање на настрешницата, по што се претвори во политичка акција.

Студентите редовно демонстрираат откако се случи трагедијата, понекогаш собирајќи стотици илјади луѓе, обвинувајќи ја владата за корупција и барајќи предвремени парламентарни избори.

Студентите ги претставија своите листи во десет општини, главно во централа Србија, водејќи ја кампањата самостојно, или во коалиција со опозициските партии, наведува „Си Уест“ кој ги пренесува извештаите на Н1 за инцидентите на изборите.

Иако само 3,8 отсто од српските гласачи, односно околу 250.000 илјади од 6,5 милиони регистрирани гласачи, учествуваат на овие избори, влогот е висок и за студентите и за Вучиќ, кој ја води земјата од 2014 година.

Шефот на државата водеше кампања во повеќето општии пред изборите, каде што е на власт неговата Српска напредна партија, која францускиот весник ја означи како „национална десница“.

И други медиуми во Франција ги пренесоа вестите за инцидентите на изборите во Србија.

 

ИЗДВОЕНИ