вторник, ноември 3, 2026
Дома СВЕТ Студентите најавија „Црн вторник“, Париз очекува илјадници демонстранти

Студентите најавија „Црн вторник“, Париз очекува илјадници демонстранти

0
EPA/MOHAMMED BADRA

Неколку средни училишта и универзитети во Франција утрово беа блокирани, а се очекува илјадници луѓе да излезат на улиците по повикот на студентските и ученичките организации, објави телевизискиот канал BFMTV.

Блокадите продолжија во неколку средни училишта и универзитети во Париз, како и во Марсеј и Тулуз – каде што во понеделникот наставата беше прекината во 12 од вкупно 13 средни училишта во градот.

Неколку студентски и ученички организации во Лил исто така повикаа на продолжување на мобилизацијата, вклучително и на демонстрации закажани за подоцна денес.

Протести – кои организациите на средношколците ги нарекуваат „Црн вторник“ – се очекуваат и во Лион, каде што властите ги одобрија студентските демонстрации.

Париската полициска префектура проценува дека меѓу 15.000 и 30.000 демонстранти ќе излезат на улиците по повикот на студентските и ученичките организации.

Во понеделникот, Париската полициска префектура го забрани планираниот марш од Пантеонот до просторот околу седиштето на организацијата „Медеф“, наведувајќи дека предложената рута е „неспоива со тековните безбедносни ограничувања“.

Подоцна беше предложена алтернативна рута помеѓу Порт де Шарантон и Порт де Монтреј, но таа одлука е оспорена пред управен суд.

ИЗДВОЕНИ