Џорџ Расел тешко го прифати крајот на сезоната во Формула 1, во која неговиот тимски колега од Мерцедес, Кими Антонели, ја освои шампионската титула. Британецот ја почна годината како фаворит, но заврши во сенка на 20-годишниот Италијанец, кој забележа девет победи наспроти трите негови.

  • Ова е прва сезона во мојата кариера во која имав повеќе лоши отколку добри денови. Дадов сè од себе, но 2026 едноставно не беше моја година – призна возачот на Мерцедес.

Дополнителен удар доживеа во Мексико Сити, каде што заврши на шестото место по стартот од втората позиција. По трката, тој бил на работ на солзи, па Тото Волф го ослободил од медиумските обврски, забележувајќи дека е видно вознемирен.

И покрај разочарувањето, Британецот му честиташе на Антонели за титулата и најави дека ќе стори сè за да се врати на највисоко ниво.

ИЗДВОЕНИ