Традиционален концерт со учениците од државните музички училишта во Македонија, насловен „Младите доаѓаат“, ќе се одржи на 4 јуни со почеток во 20 часот. Диригентка е маестра Бисера Чадловска, а ќе настапат Софија Михајловска – пијано ДМУ Битола (III година во класата на проф. Маја Божиновска), Јане Петровски – пијано ДМУ Битола (VIII одд. во класата на проф. Јана Четелева Белевска), Ива Амелија Микулчиќ – пијано ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (V одд. во класата на проф. Билјана П. Таковска) Јана Јованова – пијано ДМУЦ Штип, Ева Малиновска – виолончело ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (II година во класата на проф. Маре Видевска), Јована Јанкуловска и Деница Дена Симјаноска – соло пеење ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (II и IV година во класите на: м-р Наташа Еленова и м-р Гонца Богоромова Краповски), Ада Богоевска – виолончело ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (II година во класата на проф. Александра Јаневска), Леонид Ржаникоски – саксофон ДМУ Битола (III година во класата на проф. Горан Трајковски), Матеј Зимбаков – контрабас ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (I година во класата на проф. Дејан Митровиќ), Александар Ицковски – виолончело ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (IV година во класата на проф. Александра Јаневска) и Стефан Трајановски – саксофон ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (I година во класата на проф. Владимир Трајановски).
На програмата се дела од Моцарт, Хајдн, Роули, Бернштајн, Елгар, Крепен, Капуци и Итуралде.











