Подготвени сме да ѝ дадеме поддршка на новата српска влада во нејзиниот напредок на европскиот пат, изјави европската комесарка за проширување, Марта Кос.
На социјалната мрежа „Икс“ (X), Кос наведе дека разговарала со Илија Срдановиќ и ѝ честитала на „Студентската листа“ за, како што ја нарече, импресивната изборна победа, притоа нагласувајќи ја важноста од градењето доверба.
„Народот на Србија даде силен мандат за промени. Нивните барања за владеење на правото, борба против корупцијата и слободни медиуми претставуваат реформи што можат да ја доближат Србија до Европската Унија“, напиша Кос.












