Првата дама Меланија Трамп помогна во повторното обединување на петтата група украински и руски деца со нивните семејства, објави денес Белата куќа.
Во најновиот обид, пет деца беа повторно обединети со своите најблиски, продолжувајќи ги напорите за помош на децата погодени од војната во Украина.
„Иако дипломатијата и градењето мир се важни за овој напор, тие се надминати од нашата заедничка способност да ги ставиме децата над меѓународните спорови. Секое повторно обединување е потсетник дека сочувството, достоинството и семејството можат да ги надминат дури и најтемните времиња – војната“, порача Меланија Трамп во соопштение објавено на веб-страницата на Белата куќа.
Специјалниот советник на рускиот претседател Кирил Дмитриев го поздрави вклучувањето на Меланија Трамп, наведувајќи на социјалната мрежа X дека таа имала важна хуманитарна и мировна улога.
Според него, под нејзина координација, 33 деца биле вратени кај нивните родители, а се очекуваат и нови случаи.



![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-450x300.jpg)








