Преселбата на Леброн Џејмс во Филаделфија ги затвори сите дилеми околу неговата иднина, а пристигна реакција и од неговиот близок пријател, Бем Адебајо. Центарот на Мајами истакна дека целосно ја почитува одлуката на Џејмс да потпише за Пејсерс, но порача дека нема да има никакви привилегии на теренот.

  • Мислам дека секој треба да биде задоволен со одлуката што ја донел. Леброн го избра она што верува дека му дава најдобра шанса за победа. Го сметам за добар пријател, изјави Адебајо.

Двајцата ја зацврстија својата врска на Олимписките игри во Париз, каде што заедно го освоија златниот медал со репрезентацијата на САД. Сепак, кога ќе се сретнат како ривали во Источната конференција, пријателството ќе остане надвор од паркетот.

  • Му напишав дека ќе го скршам, ќе му го скршам задникот. Ќе биде многу возбудлива сезона. Истокот значително се промени и едвај чекам да почне – порача Адебајо.

ИЗДВОЕНИ