Женската кадетска репрезентација на Македонија обезбеди пласман во финалето на Светското училишно првенство откако, во полуфиналето, оствари убедлива победа над Турција со 30:22.

Избраничките на селекторката Даниела Новска-Вељановска одиграа одличен натпревар. По израмнетото прво полувреме, кое заврши 12:12, македонските ракометарки целосно ја презедоа контролата во вториот дел. Со цврста одбрана и со ефикасен напад, тие постепено ја зголемуваа предноста и на крајот заслужено славеа.

Во големото финале, Македонија ќе се соочи со селекцијата на Хрватска, која во своето полуфинале беше подобра од Романија. Очекувањето е неизвесен и возбудлив дуел во битката за златниот медал.

ИЗДВОЕНИ