понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Киднапирана 28-годишна скопјанка, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво

Киднапирана 28-годишна скопјанка, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво

113

Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско пријави дека на 17.04.2026 во Дебар, каде што престојувала со сегашен вонбрачен партнер, откако излегла од угостителски објект на сила била внесена во патничко возило од поранешниот нејзин партнер И.В., кое го управувало друго лице, по што отишле во куќа на роднина на И.В. во скопско село.

Според пријавеното, таму со сила била држена до 20.04.2026, а поранешниот партнер извршил обљуба врз неа и физички ја малтретирал.

На 20.04.2026 околу 19:30 часот таа успеала да побегне и го пријавила случајот. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ИЗДВОЕНИ