вторник, август 4, 2026
Дома СВЕТ Маѓар: Расте водостојот на Дунав, се стабилизира ситуацијата во електраната „Пакш“

Маѓар: Расте водостојот на Дунав, се стабилизира ситуацијата во електраната „Пакш“

0
EPA/OLIVIER MATTHYS

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денес објави дека нивото на водата во Дунав е зголемено и дека ситуацијата во нуклеарната централа Пакш полека се стабилизира.

Унгарецот напиша во објава на X дека „лично се распрашал“ за моменталната состојба во Пакш и дека „нивото на водата во Дунав веќе е зголемено за 3 сантиметри во споредба со критичното ниво регистрирано во времето на исклучувањето рано утрово“.

Тој наведе неколку фактори кои, како што тврди, одредуваат дали „најважната електрана во Унгарија ќе успее да избегне целосно исклучување во наредните денови и дали турбините што веќе се исклучени ќе можат да се рестартираат“.

Маѓар изјави дека понатамошната ситуација зависи од работата на експертите во електраната, нивото на водата во Дунав и врнежите во сливните подрачја во Австрија, функционирањето на опремата и другите технички параметри.

Унгарскиот премиер додаде дека „сите во Пакш работат на одржување на производството на електрична енергија на последната турбина“ и им се заблагодари на работниците.

ИЗДВОЕНИ