Германската манекенка и ТВ ѕвезда, Хајди Клум, повторно успеа да привлече огромно внимание на социјалните мрежи.
Во нејзината најнова објава на Инстаграм, таа се појавува топлес додека ужива на плажа, а својот стајлинг го комплетираше со шапка, очила за сонце и бикини долен дел. Дискретно ги покри своите бујни гради со шапка, што дополнително го привлече вниманието на нејзините следбеници.
Видеото е снимено за време на одмор на море, а таа беше придружувана од нејзиното куче Фриц, кое исто така беше во кадарот, како и нејзиниот сопруг.
Коментарите под објавата беа молскавично брзи. Многумина ѝ рекоа дека изгледа фантастично и дека годините очигледно не се пречка за неа, додека други ја нагласуваа нејзината самодоверба и леснотија пред камерите.
Ова не е прв пат Хајди Клум да објавува фотографии или видеа во разголени изданија.
Манекенката постојано покажува дека се чувствува сосема природно пред камерата, а нејзините летни објави речиси редовно предизвикуваат бура од реакции на социјалните мрежи.
View this post on Instagram












