Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, денес изјави дека ќе најде точки на договор со Европската Унија пред да формира влада за деблокирање на замрзнатите средства, велејќи дека „нема време за губење“.
Маѓар, чија убедлива победа на изборите на 12 април го заврши 16-годишното владеење на актуелниот премиер Виктор Орбан, рече дека денес во Будимпешта се очекуваат некои претставници на ЕУ на неформални разговори.
Тој претходно разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 14 април, за деблокирање на замрзнатите европски средства за Унгарија, велејќи дека целта е граѓаните на земјата што е можно поскоро да добијат пристап до парите за развој од ЕУ.
Според него, ЕК изјави дека ќе соработува тесно со идната унгарска влада за да постигне конкретни резултати на краток рок и да обезбеди граѓаните и институциите да добиваат средства од европските фондови.
Европската унија замрзна околу 17 милијарди евра од фондовите за кохезија и закрепнување од Ковид поради низа правни спорови со Будимпешта во врска со владеењето на правото, судската независност, академските слободи, законот за азил и правата на ЛГБТ заедницата.












