Словенечкиот кошаркарски репрезентативец, Лука Дончиќ, ќе игра на претстојниот Евробаскет, кој ќе се одржи од 27 август до 14 септември.

Тој се подготвува за своите обврски во словенечката репрезентација и потврди дека ќе учествува на Европското првенство во 2025 година, објави новинарот на ЕСПН, Дејв Мекменамин.

Дончиќ, кој има 26 години, по раното испаѓање од плејофот на НБА со Лејкерс, сега ќе се фокусира на репрезентативните обврски.

Се очекува да му се приклучи на националниот тим заедно со својот личен тим за поддршка, вклучувајќи ги долгогодишниот фитнес-тренер Анже Мачек и физиотерапевтот Хавиер Бери Калво, за да биде во врвна форма до почетокот на турнирот.

Словенија е во групата Д и нејзиниот дерби-натпревар од првото коло е против Франција.  Тоа ќе биде реприза на незаборавниот натпревар од Евробаскетот во 2022 година, кога, со 47 поени, Дончиќ постигна рекорд во кариерата и ја предводеше Словенија до победата. Во групата е и домаќинот Полска, како и Белгија, Исланд и Израел. Четирите најдобри екипи од групата се пласираат во осминафиналето, кое ќе се игра во Рига, Латвија.

 

ИЗДВОЕНИ