петок, октомври 2, 2026
Дома СВЕТ Трамп: САД нема да го забранат извозот на дизел

Трамп: САД нема да го забранат извозот на дизел

0
Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Американскиот претседател изјави дека Вашингтон никогаш ниту планирал да го забрани извозот на дизел гориво.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Соединетите Држави нема да воведат забрана за извоз на дизел гориво.

„Нема да воведеме забрана за извоз. Никогаш ниту сме имале намера да го сториме тоа“, рече Трамп, како што пренесе Ројтерс.

Неговата изјава уследи по договорот на земјите од Г7 да ослободат до 100 милиони барели дизел и сурова нафта од своите стратешки резерви во текот на следните четири месеци, под координација на Меѓународната агенција за енергетика.

Администрацијата на Трамп претходно вршеше притисок врз европските сојузници да ослободат дел од своите резерви на дизел, укажувајќи на можноста за ограничување на американскиот извоз доколку тие не го сторат тоа.

Уште на 1 октомври, Трамп изјави дека сè уште не е донесена конечна одлука за забрана. Еден ден подоцна, тој објави дека таква забрана нема да има.

Како дел од договорот за користење на резервите, земјите од Г7 исто така се обврзаа дека нема да воведуваат ограничувања за извоз на енергенси меѓусебно.

ИЗДВОЕНИ