По одржувањето на Светското првенство во фудбал, Катар ја изрази својата подготвеност да биде домаќин на Олимписките игри. Земјата има цел да биде домаќин на овој настан во 2036 година.
Во последниве години, Катар беше домаќин на светски првенства во неколку спорта, а во блиска иднина ќе биде домаќин и на кошаркарското првенство.
Кандидатурата на Катар се заснова на богатото искуство во успешната организација на големи настани, развиената инфраструктура, спортските објекти од светска класа и на човечкиот капитал изграден низ годините на организирање големи првенства.











