Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг, откако денеска во осминафиналето го совлада 104-тиот тенисер во светот, Кинезот Јунчаокете Бу, во три сета – 4-6, 7-6, 6-2.
Натпреварот траеше два часа и 52 минути.
Ѓоковиќ, кој е 11-ти на светската ранг-листа, трипати му го одзеде сервисот на кинескиот тенисер, додека Бу направи два брејка.
Српскиот тенисер забележа 15 аса, додека Бу освои 10 поени директно од сервис.
Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против победникот од дуелот меѓу вториот светски рекет, Германецот Александар Зверев, и 250-тиот играч во светот, Кинезот Џунченг Шанг, пренесе „Бета“.












