Никола Јокиќ во одлично расположение го почна тренинг-кампот на Денвер нагетс пред новата сезона во НБА. Тимот од Колорадо направи голем број промени во составот и доведе неколку нови имиња, меѓу кои и Рајан Нембхард. И покрај бројните засилувања, стартната петорка останува иста, што, според Јокиќ, е голема предност.

  • Нашата стартна петорка останува иста, но имаме многу нови момци. Мислам дека ќе бидеме многу добри – порача српскиот центар.

Тој откри дека одлично поминал првиот тренинг и дека природно им доаѓа работата со новите соиграчи.

Тренерот Дејвид Аделман сега има задача да го уигра новиот состав и да ги поправи недостатоците во одбраната. Нагетс ќе ја користи и надморската височина на Колорадо за подобрување на физичката подготвеност.

Денвер ќе ја почне регуларната сезона на 22 октомври, со гостување кај Оклахома.

ИЗДВОЕНИ