среда, јуни 17, 2026
Дома СПОРТ Колку вреди трофејот од Светското првенство?

Колку вреди трофејот од Светското првенство?

21
EPA/CLAUDIO THOMA

Светското првенство во фудбал веќе неколку дена ја бранува спортската јавност, а веќе е познато колку вреди трофејот направен од злато и сребро.

Првите натпревари од групната фаза полека завршуваат. Засега е тешко да се предвидат фаворитите, особено поради сите изненадувања што се случија во досегашниот тек од натпреварите. Но, факт е дека една од репрезентациите ќе го крене пехарот на 19 јули на стадионот „Мет лајф“ во Њу Џерси.

Но, трофејот сега вреди дури 264 пати повеќе отколку што вредеше во 1966 година, кога Англија прв и последен пат беше светски шампион. Неговата вредност моментално е проценета на 763.000 евра. На пример, во 1966 година вредеше околу 2.900 евра, што покажува огромен скок на вредноста.

Експертите објаснуваат дека ова се должи на долгорочниот пораст на вредноста на златото, но и на падот на куповната моќ на валутите во претходните децении. Според вредноста, пехарот што го доделува ФИФА е на прво место по вредност, зад него е познатиот трофеј за „Кентаки дерби“ во коњски трки, кој вреди 741.000 евра.

EPA/Andre Borges

Една од главните причини зошто вредноста на овој пехар толку многу скокна е цената на златото, која во март беше околу 4.600 евра, а моментално е околу 3.500 евра. Сето тоа влијаеше на зголемувањето на вредноста на трофејот што оди кај шампионот на Светското првенство.

„Изграден е од злато и чисто сребро и претставува врв на успехот во спортот. Зад таа вредност се крие огромната вредност на скапоцените метали“, рече директорот на компанијата „Булион Ваулт“, Ден Џеј, кој е еден од експертите во оваа област.

Анита Рајт, која е еден од финансиските експерти во оваа област, исто така зборуваше за разликата во цените.

„Заборавете на самиот трофеј, погледнете ја вредноста на златото. Во 1966 година вредеше околу 2.900 евра, сега е 763.000. Не се променило златото, туку неговата вредност, која сега е 264 пати поголема. Златото претежно останува исто, додека вредноста на хартиените пари се промени“, објасни Анита.

ИЗДВОЕНИ