четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Кипар нема да учествува во воени операции против Иран, потврди Христодулидес на...

Кипар нема да учествува во воени операции против Иран, потврди Христодулидес на средбата со Макрон

73
Фото:википедија

Кипар нема да учествува во никакви воени операции поврзани со конфликтот во Иран, но ќе се фокусира на својата хуманитарна улога, изјави денес кипарскиот претседател Никос Христодулидес, објави „Гардијан“.

Христодулидес, за време на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон на Кипар, изрази благодарност за поддршката на Париз за Никозија.

„Кипар и Франција се поврзани со силно и трајно стратешко партнерство. Во ова време на криза, ова партнерство конкретно одразува тесна соработка и активна солидарност“, рече Христодулидес.

Макрон го посети Кипар и се сретна со Христодулидес и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а во таа пригода најави „чисто одбранбена“ мисија за отворање на Ормутскиот теснец, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ