Советниците во Општина Ѓорче Петров на вонредна седница донесоа две важни одлуки: едната за граѓаните од Општината, а друга како знак на поддршка за жителите на Гостивар.

Првата одлука се однесува на формирање комисија што ќе ги проценува штетите што ќе настанат од природни непогоди и други несреќи. Нејзината задача ќе биде да излезе на терен, да ја утврди состојбата, да ги евидентира штетите и да подготви извештај според законските правила.

Покрај тоа, Советот одлучи да одвои 300.000 денари хуманитарна помош за граѓаните на Општина Гостивар, кои се соочуваат со проблеми поради загадената вода за пиење. Парите ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет и ќе бидат уплатени преку Фондот на солидарност на Црвениот крст.

Од Општина Ѓорче Петров велат дека со овие потези покажуваат дека се подготвени навреме да реагираат кога има штети на нивна територија, но и дека не ги забораваат граѓаните од другите општини кога ќе се најдат во мака. Пораката од локалната власт е дека ќе продолжат одговорно да работат и да даваат поддршка секогаш кога е најпотребно.

 

ИЗДВОЕНИ