Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, го потпиша договорот за изградба на нова детска градинка во населеното место Визбегово.
Новата градинка ќе се изгради на просторот на старото општинско подрачно училиште „Свети Климент Охридски“, на површина од 560 квадратни метри. Притоа, објектот ќе овозможи згрижување на 70 деца.
Освен тоа, изградбата на новите градинки во Бутел 1 и Бутел 2 е во завршна фаза и тие наскоро ќе бидат отворени.
– Изградбата на новите градинки претставува потврда за посветеноста на локалната самоуправа за обезбедување најдобри услови за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, во секое населено место во Општината – вели Костовски.












