Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „Холизам“, организира бесплатна обука за менталното здравје и за психолошка отпорност. Активностите ќе се реализираат во просториите на Домот на културата во селото Драчево, а ќе бидат наменети за жените во социјален ризик и за мајките на деца со попреченост, кои често го носат најголемиот психолошки товар, минуваат низ тешки животни кризи и не може да си дозволат професионална помош.
– Преку групни работилници со стручни психолози и педагози, обезбедуваме простор за јакнење на личните капацитети и емоционалната стабилност и за справување со стресот. Дополнително, секој месец овозможуваме и бесплатни индивидуални сесии за две жени што имаат најголема потреба од ваков вид помош – соопштија од Општина Кисела Вода.
Термини може да се закажат на телефонските броеви 070 431 775 и 071 236 927 (секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот).












