Кошаркарот на Жалгирис, Карсен Едвардс, се најде во проблеми откако го запрела полицијата во Каунас и му измерила 1,07 промили алкохол во крвта. Тој бил запрен во 00:30 часот, во текот на рутинска сообраќајна контрола, само неколку часа по натпреварот со Лиеткабелис.

Според литванскиот закон, дозволената граница е 0,4 промили, а ваквиот прекршок носи парична казна и забрана за управување.

Едвардс претходно одигра 17 минути во победата на Жалгирис од 97:68, постигнувајќи 11 поени и шест асистенции. Од клубот потврдија дека се запознаени со случајот и дека е во тек внатрешна истрага. Сè уште не е познато дали ќе биде казнет или суспендиран, ниту дали ќе игра против Барселона во Евролигата.

Тој има просек од 16 поени на натпревар во првите три кола и е еден од клучните играчи на литванскиот тим.

ИЗДВОЕНИ