Неуредените зелени површини и обраснатите грмушки се само дел од сликата. На просторот има и расфрлано ѓубре, хартии и пластични ќеси. Веднаш зад Спомен-куќата на Мајка Тереза се наоѓа Феудалната кула, објект кој припаѓа на посебен вид станбена архитектура, кој истовремено служел и за одбрана и кој сега не може да се одбрани од несовесните граѓани. Дополнителен проблем претставува просторот што служи како мал премин кон околните згради. Малку подзатскриен, во недостиг на јавни вециња, тој практично е претворен во јавен тоалет. Градските власти велат дека континуирано спроведуваат активности за одржување на јавната хигиена, со фокус на централното градско подрачје и на просторот околу значајните културни и историски обележја

На само неколку чекори до срцето на Скопје – смрдеа, ѓубре и запуштен простор. Во непосредна близина на туристичките атракции – Спомен-куќата на Мајка Тереза и Феудалната кула, местото што треба да биде дел од уреденото и репрезентативно лице на главниот град изгледа како заборавен градски агол. Клупите веднаш до зградата на Фондот за здравствено осигурување се полни со стари ќебиња, јакни и со чадори, веројатно на бездомниците што престојуваат и преноќуваат на овој простор.

Неуредените зелени површини и обраснатите грмушки се само дел од сликата. На просторот има и расфрлано ѓубре, хартии и пластични ќеси. Веднаш зад Спомен-куќата на Мајка Тереза се наоѓа Феудалната кула, објект кој припаѓа на посебен вид станбена архитектура, кој истовремено служел и за одбрана и кој сега не може да се одбрани од несовесните граѓани. Дополнителен проблем претставува просторот што служи како мал премин кон околните згради. Малку подзатскриен, во недостиг на јавни вециња, тој практично е претворен во јавен тоалет, па се шири смрдеа во пошироката околина.

– Се подготвуваме Скопје да стане европска престолнина на културата во 2028 година, а во исто време се соочуваме со сериозен недостиг на основна култура на однесување. Јавните површини се користат за вршење нужда, а отпадот се фрла каде што ќе се стигне – реагира жител од околните згради.

Вели дека тој и неговите соседи пријавувале и реагирале, но се жали за недоволна заинтересираност на надлежните за одржување на централното градско подрачје, кое треба да биде огледало на Скопје, па станува појасно зошто делови од центарот изгледаат запуштено и неуредно.

Градските власти најавуваат дека се чистат и уредуваат Градскиот плоштад и Камениот мост, но впечатокот е дека не продолжуваат активностите и во непосредната околина. Потребни се само неколку метри за да се стигне до посочената локација и за да се види состојбата, по што би можеле да се преземат соодветни мерки.

Од Град Скопје велат дека континуирано спроведуваат активности за одржување на јавната хигиена, со фокус на централното градско подрачје и на просторот околу значајните културни и историски обележја.

– Посочената локација ќе биде предмет на дополнителна проверка и соодветно постапување од надлежните градски служби. Во однос на лицата без дом што престојуваат на посочените локации, нивното згрижување и обезбедувањето соодветна социјална заштита не се во надлежност на Град Скопје. За овој дел е потребно постапување од надлежните институции за социјална заштита, со цел да се обезбеди соодветна помош и достоинствен третман на овие лица – одговорија градските власти.

(А. П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ