Иднината на Стеф Кари во Голден стејт никогаш не била понеизвесна. Според новинарот на „Атлетик“, Маркус Томпсон, четирикратниот НБА-шампион сериозно размислува за својата иднина доколку клубот не успее да состави тим што ќе може да се бори за шампионската титула.
Како што наведува Томпсон, трансферот на Леброн Џејмс во Филаделфија дополнително го зголемил незадоволството кај Кари, кој смета дека раководството на „воините“ не донело доволно квалитетни засилувања за новата сезона.
Кари влегува во последната година од договорот со франшизата во која ја изгради легендарната кариера и освои четири шампионски прстени, но наводно не е убеден дека сегашниот ростер може повторно да стигне до врвот на НБА.
- Она што сака да го направи Џо Лакоб, можеби, нема да им се допадне на навивачите, но тој сака да го изгради тимот за периодот по Стеф Кари – изјави Томпсон.
Сепак, конечна одлука сè уште нема. Според изворот, Кари прво ќе ги почека потезите на генералниот менаџер, Мајк Данливи, во преодниот рок, а дури потоа ќе одлучи дали ќе остане во Голден стејт или ќе побара нов предизвик во кариерата.











