Кими Антонели на само 20 години стана најмладиот светски шампион во историјата на Формула 1, а неговиот пат до врвот е навистина неверојатен.

Италијанецот од Мерцедес го собори рекордот на Себастијан Фетел и ја освои титулата во својата втора сезона во најбрзиот автомобилски спорт.

Роден е на 25 август 2006 година во Болоња, а зад неговиот успех стои љубовта кон мотоспортот уште од најрана возраст. Картинг почнал да вози кога имал само седум години, а неговиот талент брзо го привлекол вниманието на Мерцедес, кој го вклучил во својата развојна програма во 2019 година.

Доминирал уште во јуниорските категории, освојувајќи европски титули во картинг, како и шампионати во Формула 4 и во Формула Риџионал. Мерцедес бил толку импресиониран што одлучил да ја прескокне Формула 3 и директно да го испрати во Формула 2.

По заминувањето на Луис Хамилтон во Ферари, Тото Волф му ја довери неговата позиција во Мерцедес. Антонели дебитираше во Формула 1 во 2025 година, на само 18 години, а веќе во втората сезона стигна до светскиот трон.

Во 2026 година, оствари девет победи и 15 пласмани на подиумот, а особено се истакна со триумфите во Кина, Јапонија и во Мајами. Интересно е што неговото име не е инспирирано од поранешниот шампион Кими Раиконен, туку го предложил семеен пријател.

Од седумгодишно момче во картинг до најмлад светски шампион – Антонели веќе го запиша своето име во историјата на Формула 1.

ИЗДВОЕНИ