Фото: РФМ

Kадетската машка ракометна репрезентација со убедлива победа го почна настапот на Светското училишно првенство во ракомет, откако  ја совлада Бугарија со убедливи 33:18.

Во следното коло, Македонија ќе се соочи со Грузија, а натпреварот е закажан за утре од 10.30 часот во салата „Македонско Сонце“.

Женската репрезентација исто така успешно стартуваше на шампионатот, откако избраничките на селекторката Даниела Новеска ја растурија Белгија (34:12).

Најефикасна во македонскиот состав беше Трифуновска со пет гола, додека сестрите Лашкоски, како и Мифтари и Героска постигнаа по четири погодоци.

Следниот предизвик за македонските ракометарки е утре од 10.30 часот против Грузија, во салата „Крсте Мисирков“ во Гази Баба.

ИЗДВОЕНИ