четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА ЈП „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Карпош

ЈП „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Карпош

57

Општина Карпош ќе воспостави меѓуопштинска соработка со Град Скопје, за заловување и собирање на бездомни односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, кои ќе бидат затекнати на јавните површини на подрачјето на Карпош.

Поддршка за оваа Одлука дадоа советниците од Општина Карпош, на денешната седница на Советот.

Градот Скопје ќе учестувува со обезбедување трајно и квалитетно вршење на заедничката надлежност на целото подрачје на главниот град, преку јавното претпријатие „Лајка“, како и со сопствени финансиски средства за таа намена. Во случајов, Општина Карпош ќе учествува со финансиски средства во износ од 2.000.000 денари поединечно за таа намена.

За реализација на оваа Одлука, градоначалникот на Општина Карпош  ќе склучи договор со градоначалникот на Град Скопје и директорот на јавното претпријатие во форма и содржина пропишана со Законот за меѓуопштинска соработка, во кој детално ќе се уредат прашањата за начинот и условите за вршење на заедничката надлежност, начинот на исплата на финансиските средства и други прашања од значење за меѓуопштинската соработка.

ИЗДВОЕНИ