четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Избегната огромна хаварија: Горел метан во кочанско Мојанци

Избегната огромна хаварија: Горел метан во кочанско Мојанци

102

Пожар избувна синоќа во Прочистителната станица за отпадни води во селото Мојанци, информираат од ТППЕ Кочани. Огнот се појавил околу 20.30 часот на инсталација од системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот.

– Добивме дојава за пожар и веднаш интервениравме со четири возила и осум пожарникари. Со нас беше и возило од ДПД. Пожарот брзо беше локализиран и изгаснат. Беше зафатен дел од прочистувањето на метанот, но сега веќе нема опасност. Фабриката продолжува да работи – изјави Драган Апостолов, командир на кочанската ТППЕ, пренесе МИА.

Предизвикана е само материјална штета, а причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат. Брзата реакција на пожарникарите спречила проширување на огнот во балонот каде што се собира метанот и евентуално експлодирање.

ИЗДВОЕНИ