Нема официјално објаснување за сирените што се огласија рано утрово во турската воздухопловна база Инџирлик, клучен објект на НАТО во кој се сместени и американски трупи, во близина на југоисточниот град Адана.
Според извештајот на АФП, жителите на Адана, која е оддалечена околу 10 километри од базата, биле разбудени околу 3:25 часот наутро од сирени што се огласиле околу пет минути, објави бизнис порталот Економим.
Порталот, исто така, наведува дека во базата е издаден црвен аларм.












