Кривичниот суд во Дамаск ги осуди денеска поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, неговиот брат Махер ал Асад и поранешниот шеф на политичката безбедност во Дара, Атиф Наџиб, на смрт, откако ги прогласи за виновни за убиство со умисла и тортура, објави сириската новинска агенција САНА.
Башар ал Асад беше осуден во отсуство за убиство со умисла, а судот процени дека злосторствата извршени во покраината Дара во 2011 година претставуваат злосторства против човештвото.
Махер ал Асад беше исто така осуден на смрт во отсуство, додека Атиф Наџиб беше осуден во негово присуство.
Тројцата беа прогласени за виновни за убиство со умисла и тортура, а судот изјави дека им е изречена најстрогата казна предвидена со сирискиот закон, пренесе Ал Џезира.
Според одлуката на судот, осудените беа прогласени за вмешани во тортурата на голем број притвореници, како и одговорни за смртта на неколку од нив додека беа во притвор.
Судот процени дека делата за кои беа осудени претставуваат злосторства против човештвото и воени злосторства, земајќи ја предвид нивната тежина и обемот на извршените прекршоци.
Башар ал-Асад беше соборен од власт во декември 2024 година, по офанзивата на сириските бунтовнички сили, и оттогаш е надвор од Сирија.












