петок, ноември 13, 2026
Дома БАЛКАН Тинејџер со германско државјанство уапсен поради убиство во Сараево

Тинејџер со германско државјанство уапсен поради убиство во Сараево

3
EPA/NIDAL SALJIC

Осумнаесетгодишник е уапсен под сомнение за убиство на 32-годишниот Мехмед Смјечанин, кој беше убиен во текот на ноќта пред објектот „Порт 04“ во сараевската населба Долац Малта.

Оваа информација ја потврдија од Обвинителството на Кантонот Сараево.

„Осумнаесетгодишник е лишен од слобода поради убиство. Во моментов, во Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево се спроведува криминалистичка обработка. Лицето е државјанин на Германија“, соопштија од Обвинителството на Кантонот Сараево.

Како што соопшти  претходно Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, Полициската управа Ново Сараево околу 02:30 часот по полноќ добила пријава за употреба на огнено оружје пред угостителски објект. На местото на настанот веднаш биле испратени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош на Кантонот Сараево, а повредениот бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Сараево (KCUS). И покрај напорите на медицинскиот персонал, 32-годишникот им подлегнал на повредите.

ИЗДВОЕНИ