четврток, јули 16, 2026
Дома СКОПСКА Индија ќе му подари на Скопје биста на Махатма Ганди

Индија ќе му подари на Скопје биста на Махатма Ганди

145

Ополномоштениот амбасадор на Индија за Македонија, Арун Кумар Саху, најавил донација на биста на Махатма Ганди за Град Скопје, која ќе биде поставена на јавен простор, како траен симбол на пријателството меѓу Македонија и Индија.

Иницијативата произлегла на средбата на скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, со делегацијата од Амбасадата на Република Индија, предводена од амбасадорот Саху.

Ѓорѓиевски објави дека е уверен дека оваа иницијатива дополнително ќе ги зацврсти односите меѓу двете земји и ќе придонесе за промовирање на мирот, дијалогот и на меѓусебното почитување.

Тој наведе дека било разговарано за значењето на зачувувањето на оставината на Мајка Тереза и на Махатма Ганди, две исклучителни личности и универзални симболи на мирот, хуманоста, толеранцијата и на човечкото достоинство.

Мајка Тереза, родена во Скопје, во 1910 година и добитничка на Нобеловата награда за мир, најголемиот дел од својот мисионерски живот му го посвети на помагањето на најранливите во Индија, додека Махатма Ганди, кој се смета за татко на нацијата, останува еден од најголемите поборници за мир и за ненасилство во светската историја.

ИЗДВОЕНИ