Скопје добива нов уреден зелен коридор. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски објави дека се уредува зелениот коридор долж улицата „Ѓорче Петров“ со систем за наводнување, а истовремено се реконструира пешачката патека во должина од околу четири километри, која секојдневно ја користат илјадници граѓани.
-Продолжуваме со изградба на зелени коридори низ целиот град, затоа што тие го намалуваат загадувањето, ја ублажуваат жештината, создаваат природна сенка и го претвораат урбаниот простор во поздраво и попријатно место за живот. Скопје мора да биде град во кој зеленилото не е исклучок, туку стандард – дециден е Ѓорѓиевски.












