четврток, јули 16, 2026
Дома СВЕТ Автобус во Кина излета од патот и падна во река – 6...

Автобус во Кина излета од патот и падна во река – 6 лица загинаа, а 11 се повредени

0

Шест лица загинаа, а 11 се повредени кога автобус падна во река во покраината Сечуан, Кина, објавија денес локалните власти.

Несреќата се случила во селото Џонгганг во планинскиот округ Баоксинг, вчера околу 18 часот по локално време, а во автобусот, кој прво удри во насипот, имало 17 лица, објави „Ројтерс“.

Едно лице е тешко повредено, но е во стабилна состојба.

Операцијата за спасување траела до рано утрово, а започната е истрага за причината за несреќата, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ