четврток, јули 16, 2026
Дома СВЕТ Американската војска започна нов бран напади врз цели во Иран, соопшти Централната...

Американската војска започна нов бран напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на САД

0

Американската војска започна нов бран напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM).

– Денес во 14 часот по источно време, американските сили започнаа со спроведување на нов бран напади врз Иран, шеста ноќ по ред, со цел дополнително да ги ослабат воените капацитети на Иран – се вели во соопштението.

Иранските новински агенции известуваат дека американските сили започнале нови напади околу иранскиот остров Кешм во Заливот, во близина на Ормускиот теснец.

Новинската агенција „Фарс“ објави за „американски ракетен напад во близина на островот Кешм“, повикувајќи се на локалните власти, додека „Тасним“ соопшти дека еден од нејзините дописници известил дека локации околу островот биле „погодени од ракети од американскиот непријател“.

ИЗДВОЕНИ