петок, септември 4, 2026
Дома СКОПСКА Свечено испраќање на коњаниците од Горно Лисиче кон Крушево

Свечено испраќање на коњаниците од Горно Лисиче кон Крушево

54

На 27 јули (понеделник) со почеток во 18:00 часот, од дворот на црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои.

Станува збор за свечено испраќање на учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кој ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник 2 Август, Илинден, во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.

На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и од Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство.

Општина Аеродром упатува покана до сите граѓани да бидат дел од свеченото испраќање и заедно да им се оддаде почит на илинденците, чија жртва и идеали и денес претставуваат симбол на слободата, единството и на државноста на Македонија.

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ