недела, јуни 28, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА ИЕА очекува производството на нафта да падне годинава на околу 102,2 милиони...

ИЕА очекува производството на нафта да падне годинава на околу 102,2 милиони барели дневно

40
EPA/ADAM VAUGHAN

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) денес прогнозира дека глобалното производство на нафта ќе се намали за 3,9 милиони барели дневно во 2026 година, на околу 102,2 милиони барели дневно, а пресметката се базира на очекувањата дека транспортот преку Ормутскиот теснец постепено ќе се нормализира од јуни.

Глобалното производство на нафта се намали за дополнителни 1,8 милиони барели дневно во април на 95,1 милиони барели дневно, со што вкупните загуби од февруари достигнаа 12,8 милиони барели дневно, соопшти ИЕА.

Земјите од Персискиот Залив сега произведуваат околу 14,4 милиони барели дневно помалку нафта отколку пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, се додава во мајскиот извештај.

ИЗДВОЕНИ