
Италијанските медиуми открија дека пред неколку дена агентот на полскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Роберт Левандовски, имал состанок со челниците на Милан и на Јувентус. Големи се шансите искусниот напаѓач да си замине од „Ноу Камп“ на крајот од актуелната сезона, и тоа како слободен фудбалер, а, освен од Италија, интерес за неговите услуги има и од САД, Англија и од Саудиска Арабија.











