петок, јуни 26, 2026
Дома СПОРТ Хрватите во проблеми – Гана има бонуси на маса, лично од братот...

Хрватите во проблеми – Гана има бонуси на маса, лично од братот на претседателот

34

Гана е во одлична ситуација пред последното коло, а играчите добија сериозна мотивација пред дуелот со Хрватска. Бизнисменот Ибрахим Махама вети сериозна финансиска награда доколку африканската репрезентација постигне позитивен резултат во натпреварот против „Огнените“.

Патем, тој е брат на претседателот на земјата, Џон Махама.

„Многу сум горд на она што го направивте за толку кратко време. Го собравте тимот и одигравте одлични натпревари. Покрај бонусот што го обезбедува државата, имам и посебен бонус за вас. Мојот бонус е многу поголем од оној што доаѓа од даночните обврзници, бидејќи тие мора да поминат низ парламентарна процедура, а јас не морам. Затоа ве молам да нè направите горди и ќе бидете наградени“, порача Ибрахим Махама.

Покрај него, националниот тим го посетија и амбасадорот на Гана во САД Виктор Смит, министерот за спорт Кофи Адамс и министерот за надворешни работи Самуел Окуџето Аблакуа.

ИЗДВОЕНИ