петок, јуни 26, 2026
Дома СВЕТ „Соборивме три дрона“: Трамп тврди дека Иран гаѓал бродови во Ормускиот теснец...

„Соборивме три дрона“: Трамп тврди дека Иран гаѓал бродови во Ормускиот теснец и го прекршил примирјето

1
EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го обвини Иран за напад на бродови што минуваат низ Ормускиот теснец со дронови, наведувајќи дека една ракета погодила голем товарен брод, додека преостанатите три биле соборени. Тој оцени дека ова е кршење на договорот за прекин на огнот.

Трамп, објави дека Иран лансирал најмалку четири дрона во еден напад врз бродови што минуваат низ Ормускиот теснец. Како што изјави, еден дрон ја погодил горната палуба на голем товарен брод.

Тој додаде дека преостанатите три дрона биле соборени. Нападот, како што оцени американскиот претседател бил кршење на договорот за прекин на огнот.

„Ова е, очигледно, неодговорно кршење на нашиот договор за прекин на огнот“, порача Трамп.

ИЗДВОЕНИ