Никола Јокиќ би можел да ѝ стави крај на својата НБА-кариера на 37 или 38 години доколку се остварат прогнозите на познатиот НБА-извор, Брет Сигел. Според неговите информации, следниот договор што ќе го потпише српскиот центар со Денвер нагетс, најверојатно, ќе му биде и последен во најсилната кошаркарска лига во светот.
- Не очекувам Јокиќ да биде на теренот на 40-годишна возраст. Неговиот следен договор со Денвер, петгодишен, веројатно ќе му биде и последен во НБА – изјави Сигел.
На трикратниот МВП му преостанува уште една година од актуелниот договор, вреден 59 милиони долари. По неговото истекување, се очекува да потпише нов, петгодишен договор, кој би можел да биде најголем во историјата на НБА.
Доколку го одработи докрај, Јокиќ ќе остане во Денвер до 2032 година, кога ќе има 37 години. Српскиот ас и оваа сезона продолжува со импресивните настапи, бележејќи просек од 23,5 поени, 10,8 скока, девет асистенции, 1,8 украдени топки и една блокада на натпревар.











