Кошаркарите на ТФТ му се реваншираа на Скопје за минатогодишниот пораз во полуфиналето од плејофот, откако славеа со 102:98, во рамките на второто коло од Првата македонска лига.

По поразот од Пелистер на стартот, тимот на Боро Смилковски стигна до првата победа сезонава, додека Скопје, поранешно Маџари, го запиша вториот пораз.

Најголемата драма се случуваше во последните десет минути, кога гостите ја добија четвртината и успеаја да ја намалат разликата на само два поени. Скопје имаше шанса да направи целосен пресврт, но ТФТ го издржа притисокот и ја зачува предноста за важен триумф.

Цветковски со 24 поени и Сила со 23 беа најзаслужни за победата на ТФТ, додека кај Скопје блескаше Паркер со 31 поен, но неговиот одличен настап не беше доволен за да избегнат гостите пораз.

ИЗДВОЕНИ