Видеото на Хегедуш Жолт, унгарски политичар и стоматолог, а според странските медиуми и најверојатниот иден министер за здравство на Унгарија, како танцува во чест на изборната победа на партијата Тиса, стана вирален хит.
Откако партијата освои двотретинско мнозинство во парламентот, во Будимпешта беше организирана голема прослава каде што Жолт ги покажа своите танцови движења.
Ретко кој се опуштил толку многу како Хегедуш Жолт. Видеото е снимено на партиски собир на плоштадот Батјани.
Тој се огласил за снимката
Самиот политичар зборуваше за видеото, кое стана интернет хит. Тој објави порака на својот профил и напиша, меѓу другото: „Танцував затоа што конечно можев“, објавува Index.hr.
За потсетување, врз основа на 60,24 проценти од преброените гласови на парламентарните избори во Унгарија, одржани во недела, 12 април, според прелиминарните резултати од Националната изборна комисија (VTR), опозициската партија Тиса освои 136 од 199 места во парламентот, додека партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан освои 56 места.
Според овие резултати, Тиса освои 95 места преку директен избор на кандидати, додека 41 место беше освоено преку изборната листа на партијата.
View this post on Instagram












