петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Рубио ги прими амбасадорите на Изреал и Либан во Стејт департментот

Рубио ги прими амбасадорите на Изреал и Либан во Стејт департментот

88
EPA/WILL OLIVER

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ги угости амбасадорите на Израел и Либан во Стејт департментот за првите директни мировни преговори меѓу двете земји по децении, објавија американските медиуми.

На разговорите присуствуваат израелскиот амбасадор Јехиел Лајтер, либанската амбасадорка Нада Хамадех Моавад и американскиот амбасадор во Либан, Мишел Иса.

„Сакаме да постигнеме мир и да ги нормализираме односите со либанската држава“, изјави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, додавајќи дека „нема големи спорови меѓу Израел и Либан“, туку напротив, постои либанското движење Хезболах, кое е поддржано од Иран.

„Се надевам дека средбата во Вашингтон ќе биде почеток на крајот на страдањето на Либанците воопшто, а особено на жителите на југот на земјата“, изјави либанскиот претседател Џозеф Аун кратко пред почетокот на првите директни разговори меѓу Израел и Либан од почетокот на војната на 2 март.

ИЗДВОЕНИ