Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека претседателот Доналд Трамп ја редефинира безбедносната стратегија на САД во Западната хемисфера, велејќи дека Вашингтон обликува нова геополитичка мапа што ја опфаќа областа од Гренланд до Панамскиот канал.
Тој одржа говор синоќа во седиштето на Јужната команда на САД во Дорал, Флорида, на Конференцијата за борба против картелите во Америка.
Хегсет презентираше поширока визија за безбедносната политика на САД во Западната хемисфера. Говорот беше одржан во средината на војната меѓу САД и Иран, но Иран не беше споменат во него.
Зборувајќи за новата американска стратегија, Хегсет рече дека Трамп го редефинира безбедносниот простор на Соединетите Американски Држави.
„Претседателот Трамп нацрта нова стратешка мапа од Гренланд до Американскиот Залив до Панамскиот канал и земјите што го опкружуваат“, рече Хегсет.
Тој додаде дека Пентагон ја нарекува областа „Голема Северна Америка“ и ја смета за клучен безбедносен периметар на САД.












