Германската влада, соочена со кризата на Блискиот Исток по американскиот напад врз Иран, започна со евакуација на своите граѓани од регионот на Персискиот Залив, но со срамен услов – секој евакуиран да плати 500 евра за трошоците за летот, како што објави германската агенција ДПА.
Операцијата веќе започна и првиот авион на Луфтханза слета во Франкфурт од Оман, со околу 250 патници. Десетици илјади луѓе кои беа „заробени“ поради затворените рути и нарушениот воздушен сообраќај, додека владата вели дека наплатата е „стандардна практика“ според Законот за конзуларни услуги. Критичарите го обвинуваат Берлин за комерцијализација на спасувањето на сопствените граѓани за време на кризата.
Како што објави ДПА, првиот лет за евакуација LH345 превезуваше приоритетни групи – бремени жени, деца и болни, кои беа префрлени по копно во Мускат во Оман, бидејќи аеродромите во Дубаи и други делови од регионот беа блокирани поради конфликтот.
Министерот за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека работата е во тек „со полна брзина“ за безбедно враќање, но тој посочи на фиксна такса од 500 евра по лице, што, според „Зидојче Цајтунг“ и „ЗДФхајт“, приближно одговара на пазарната цена на економски лет. Според проценките, околу 30.000 германски државјани чекаат да бидат репатрирани, а најавени се и дополнителни летови, вклучително и евакуација од крузерот „Мајн Шиф“.
Одлуката за наплата, според „Билд“ и „Фокус“, предизвика бура, бидејќи многу патници веќе потрошиле големи суми на алтернативни рути и привремено сместување. Владата се повикува на законски основи и претходна пракса, вклучително и евакуациите од Израел во 2023 година. Сепак, критичарите во Германија тврдат дека таков пристап е нехуман во кризна ситуација, особено кога во медиумите се појавуваат споредби со евакуации во други земји кои се бесплатни или субвенционирани, како што објавија „ЗАЈТ ОНЛАЈН“ и „tagesschau.de“.












