EPA/MOHAMMED BADRA

Во интервју за италијанската „Република“, Јаник Синер откри кој момент од својот живот најмногу би сакал да го избрише. Иако доживеа неколку болни порази на најголемата сцена, Италијанецот не издвои ниту еден настан од тенискиот терен.

„Не е спортски момент“, рече Синер, објаснувајќи дека одговорот нема никаква врска со поразот од Карлос Алкарас во финалето во Париз 2025, ниту со неуспехот против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен.

Напуштањето на домот кога имал само 13 години најмногу го погодило. Во тоа време, Синер се разделил од својот татко во Милано за да продолжи да ја гради својата тениска кариера, а тој момент останал длабоко врежан во неговото сеќавање.

„И двајцата плачевме“, се присети Италијанецот и призна дека разделбата била исклучително емотивна.

Синер моментално поминува низ долга пауза и нема да игра натпреварувачки натпревари до крајот на сезоната. Се очекува да се врати кон крајот на декември на егзибициски турнир во Саудиска Арабија, што треба да послужи како подготовка за новата сезона.

За време на паузата, тој ја посети трката во Формула 1 во Монца и модна ревија во Милано, помина повеќе време со видеоигри и почна да чита книга од 600 страници. Во исто време, продолжи да тренира во вежбалница и на теренот со помош на физиотерапевт.

„Твоето тело е единствениот противник што не можете да го победите“, рече Синер, нагласувајќи дека спортистот мора да размислува долгорочно и да прифати пауза кога телото бара одмор.

 

ИЗДВОЕНИ