четврток, септември 10, 2026
Дома БАЛКАН Хашки обвинител бара шестгодишна затворска казна за Тачи поради попречување на правдата

Хашки обвинител бара шестгодишна затворска казна за Тачи поради попречување на правдата

0

Специјализираното обвинителство денес предложи пред Специјализираните совети во Хаг, Хашим Тачи, поранешниот водач на таканаречената ОВК, да биде осуден на шест години затвор поради попречување на правдата.

Во својот завршен збор, обвинителот Џошуа Хефец предложи казна затвор од девет месеци за соработникот на Тачи, Хајредин Кучи, додека за Фадил Фазлиу, Исни Килај и Башким Смакај предложи казни затвор од по три години.

„Врз основа на сите докази и факти, обвинителството бара од Вас, Почитуван судијо, да ја донесете единствената пресуда што е во согласност со законот, доказите и овие факти – имено, да ги прогласите за виновни по сите точки од обвинението, земајќи ги предвид тежината и сериозноста на кривичните дела, како и сите фактори релевантни за одредувањето на казната во овој случај и во однос на овие обвинети“, нагласи обвинителот, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ