Организацијата „Белград во движење“, бара итно распишување вонредни избори во Белград, наведувајќи дека актуелниот градоначалник, Александар Шапиќ, повеќе нема легитимитет.
Извршниот директор на „Белград во движење“ тврди дека резултатите од изборите одржани во неделата го потврдуваат тоа, додавајќи дека Шапиќ „одамна го изгубил својот легитимитет, а сега е сосема јасно дека на неговата администрација ѝ недостасува политичко оправдување за продолжување на мандатот“.
„Белград е на работ на финансиски колапс, градските претпријатија тонат во долгови, а главниот град се соочува со целосен финансиски слом. Белград повеќе не може да си дозволи да ја плаќа цената за неспособноста и неодговорноста на градската администрација. Секој дополнителен ден под вакво раководење ја продлабочува финансиската криза и го загрозува функционирањето на градот“, предупредува Радин.
Тој додава дека „една од првите задачи на новата српска влада мора да биде покренување на сите законски предвидени постапки за овозможување одржување на вонредни избори во Белград – како и во сите единици на локалната самоуправа – што е можно поскоро“.
„На граѓаните мора да им се даде можност сами да одлучуваат за својата иднина. Србија го кажа своето – сега е ред на Белград“, заклучува Радин.












